Со нови алатки и методи на учење ЕВН продолжи да ја развива „Платформата 2020“ со која се поддржува дуалното образование во земјава. За учениците од специјализираните ЕВН паралелки за едукација и обука на електро монтери во Скопје и Гостивар обезбедени се таблет комјутери, а со поддршка на Швајцарскиот проект “Образовабние за вработување E4E@мк.” овозможен е пристап до „online“ платформата за учење „ Канвас“. Целта е учениците да имаат пристап до повеќе ресурси за учење и да бидат поддржани во професионалниот развој уште пред да почнат да работат во ЕВН.
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН, г. Штефан Петер, амбасадорката на Швајцарската конфедерација H.Е. Сибил Сутер и министерот за Образование и наука г. Арбер Адеми на денешната промоција доделија 100 таблет компјутери за ученици и професорите од СЕТУ „ Михајло Пупин“ – Скопје.
„ Од 2017 г. кога првата генерација го почна школувањето па до сега постојано го надоградувавме процесот на учење. Од овој момент вие сте првите ученици во земјава кои принтаните учебници и тешки училишни торби ги менувате со таблет компјутери тешки 300 гр. кои ќе ве поврзат со светот на дигиталното учење. Користете ги за да го соберете сето знаење и да бидете подготвени за предизвикот кој е пред вас, ве чекаме во нашата компанија, им порача Претседателот на Управниот одбор на ЕВН г. Штефан Петер.
Преку соработката со Швајцарската амбасада во РС Македонија е обезбеден пристап до „online“ платформата за учење „ Канвас“на која се интегрирани сите учебници и вежби кои им се потребни на учениците.
„„Целта на платформата Canvas е да се поедностави наставата, да се подобри учењето и да се надминат проблемите на традиционалните практики за учење, што е доволен мотив за таа да ја добие нашата поддршка. Унапредувањето на дигитализацијата и иновациите во Северна Македонија, особено во стручното образование и обука, ќе придонесе за конкурентност на младaта работна сила, приватниот сектор и националната економија “, рече амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, H.Е. Сибил Сутер.
Голема благодарност до ЕВН и до сите кои го поддржуваат дуалното образование искажа министерот за Образование и наука г. Арбер Адеми.
„ Овој исклучително модерен концепт на образование кој се фокусира на развој на практичните вештини на учениците, започна овде и тоа токму благодарение на компанијата ЕВН Македонија која продолжува да се заложува и да биде партнер на институциите на системот во напорите за овој тип на образование да се проширува и надградува додека не стане системско решение на национално ниво, рече г. Адеми.
Интересот на секоја нова генерација за ваквите специјализирани паралелки расте секоја година истакана директорот на СЕТУ „ Михајло Пупин“ – Скопје, Димитар Ѓеоргиев. Според него ова е вистинскиот пат да се создадат млади професионалци за компаниите со што ќе се подобрува континуирано процесот на дуално образование во земјава.