Собранието го изгласа Законот за управување со отпад

- Advertisement -

Пратениците во Собранието вечерва едногласно ги изгласаа измените на Законот за управување со отпад, со кој се укинува можноста за увоз на отпад кој би се користел како извор на енергија.

Со новиот Закон, понатаму останува забрането увоз на отпад за складирање заради отстранување и за отстранување и увоз на опасен отпад што е измешан со неопасен отпад или со други компоненти кои ја намалуваат штетноста и опасните карактеристики на отпадот.

- Advertisement -

И понатаму останува дозволен увоз на отпад што може безбедно да се преработи, без опасност од загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето, како и да се користи како суровина.

„Со предложените законски решенија во Предлог на законот за изменување на Законот за управување со отпадот ќе се постигне поголема заштита на животната средина и пред сè на здравјето на луѓето и ќе се укине можноста за увоз на отпад кој со одредбата во постојниот закон се користи како извор на енергија“, се вели во образложението на пратеничките Морачанин и Поповска.

Сподели!
- Advertisement -