Едно ново истражување покажа дека возраста, односно годината на раѓање и првичниот контакт со грип ја предодредуваат отпорноста, односно ранливоста на организмот на различни подтипови на грип.
Кај истражувачите на инфлуенцата или грипот постои еден концепт наречен антигенски отпечаток, односно идејата дека типот на грипот на кој сте биле изложени на најрана возраст влијае на вашиот имунолошки систем и на неговиот одговор на таквиот вирус во подоцнежниот живот.
Едно ново истражување дава дополнителна тежина на таа хипотеза. Имено, истражувачите ја искористиле сезоната на грип за да откријат брзи промени во трендот на инфицирање кои изгледа се поврзани со возраста на пациентите.
Два подтипови на грип од типот А предизвикуваат кашлица, болки во телото и треска и се најчестите кои се појавуваат и се менуваат сезона по сезона. Но, во сезоната на грипови 2018/2019 се појавила аномалија, односно и двата подтипови се појавиле во текот на истата сезона во различен период.
Истражувачите од Универзитетот Мекмастер ја искористиле оваа ретка можност да го истражат антигенскиот отпечаток. Тие собрале податоци од сезоната 2018/2019 и ја истражувале врската меѓу возраста на заболените и подтипот на кој биле изложени во раната возраст, а потоа и нивната ранливост на H1N1 или H3N2.
Се покажало дека првично создадениот имунитет на луѓето при првиот контакт со вируси од типот на грип, па дури и корона вирусот, има големо влијание на тоа како ќе реагираат на други епидемии, па дури и пандемии.