Британски научник тврди дека ова лето ќе почне со клинички тестирања на првата вакцина за корона вирусот

- Advertisement -

Водечки британски научник постигна значаен успех во трката за пронаоѓање вакцина за корона вирусот откако го скратил времето потребно за развој на вакцина од 2-3 години на само 14 дена.

Робин Шеток е раководител на Одделот за слузни инфекции и имунитет на Кралскиот колеџ во Лондон. Тој вели дека идната недела ќе почне со тестирање на вакцината на животни и дека ако собере доволно средства, ова лето ќе почне со тестирање на вакцината на луѓе.

- Advertisement -

Конвенционалните пристапи за развој на вакцина вообичаено траат три години пред да се дојде до клиничка фаза, а како што тврди Шеток, оваа вакцина е развиена во лабораторија за само 14 дена.

„До почетокот на идната недела ќе почнеме со животински модели. Го скративме патот за развој на вакцина. Идната фаза ќе биде преминување од животински тестирања на луѓе и мислам дека ако ги имаме потребните финансии, тоа можеме да го направиме во рок од неколку месеци“, вели Шеток.

- Advertisement -

Пронаоѓањето на вакцина ќе биде предоцна за овој бран на зараза, но ќе биде многу битно ако наиде нареден бран. Професорот Шеток е дел од научната заедница која дава се од себе за да пронајде вакцина која потенцијално ќе спаси стотици животи ако заразата со корона вирусот се претвори во пандемија.

Сподели!
- Advertisement -