Нaјголемата санта лед во светот е четири пати поголема од Голем Лондон и се движи среде океан

- Advertisement -

Најголемата санта лед во светот само што не навлегла во Јужниот Океан откако се откина од Антарктикот пред повеќе од две години. Сантата се вика A68 и е долга околу 160 км, а дебела 200 метри. Таа има површина од околу 6.000 квадратни километри, што значи е четири пати поголема од областа наречена Голем Лондон, која го опфаќа најголемиот дел од градот или е исто голема како американската држава Делавер.

Огромната санта, која тежи 1 трилион тони, се отцепи од Антарктикот во 2017 година и оттогаш досега полека патува на север. A68 многу набрзо ќе дојде среде океан и веројатно ќе се скрши на помали санти поради силните струи. Неа ја придвижуваат морските струи и минатата година почна да го забрзува движењето кон Јужна Џорџија, остров во Атлантскиот Океан.

- Advertisement -

Сантата се отцепи од копното поради нестабилноста на копното на Антарктикот како последица на глобалното затоплување, односно покачените нивоа на морињата и океаните и повисоките температури на воздухот. Сето тоа го забрзува топењето на ледот и придонесува за отцепување на сантите лед.

Сепак, научниците се надеваат дека сантата ќе се искрши на помали делови на патот до екваторот. Сантите со големина на A68 мора постојано да се следат затоа што може да претставуваат пречка, па дури и закана за бродовите.

Сподели!
- Advertisement -