Дуплирана продажбата на електрични автомобили во ЕУ

- Advertisement -

За разлика од минатата година кога во Европската Унија се продале над 290.000 електрични автомобили , годинава продажбата на хибридни автомобили се зголемила за 50 отсто.

Продадени се 465.026 возила, додека продажбата на хибридни автомобили со полнење се зголемила за 13,9 отсто, на 174.103 возила покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (AЦEA).

Ова покажува дека продажбата се зголемила 93,8%, а продажбата на дизел возила се намалила на 4,65 милиони автомобили. Бензинските автомобили , со зголемување на продажбата за 5,2 отсто, го задржуваат првото место за најпопуларен вид возило во ЕУ.

Сподели!
- Advertisement -