Ракавица помага да го почувствувате и она што всушност не постои?

- Advertisement -

Oваа ракавица исто така може да се користи во комбинација со Teslasuit одело за да се постигне целосно доживување на виртуелната реалност.

Виртуелната реалност ни овозможува за миг да зачекориме од сопствената дневна соба во целосно нов свет. Но, во повеќето случаи доживувањата се само визуелни или аудио. Имаме чувство како да сме во нов свет, но не може да имаме задоволителна интеракција со предметите кои ги гледаме.

Тоа наскоро би можело да се промени со ракавицата од Teslasuit. Teslasuit Glove ќе се појави на пазарот воп втората половина на годината. Она што ја прави посебна оваа ракавица е тоа што комбинира неколку различни технологии за да создаде чувство на допир и држење на објекти, ги забележува движењата на корисниците, но и собира низа биометриски податоци како отчукување на срцето и нивото на кислород во телото за да го измери нивото на стрес и другите физички реакции.

- Advertisement -

Ракавицата има по девет електроди на секој прст кои произведуваат чувство за допир за непостоечка подлога, додека пластичниот егзоскелет создава отпор и вибрации за да стимулира интеракција со цврсти објекти. Ракавицата може да се користи во комбинација со Teslasuit оделото за да се постигне целосно доживување на виртуелната реалност.

Teslasuit оделото и ракавицата се наменети за тренирање, медицинска рехабилитација и друга професионална примена, но нивните креатори не ја отфрлаат можноста за користење во видеоигри или други видови забава.

- Advertisement -

Се уште не е познато колку ќе чини оваа ракавица, но се проценувца дека би можела да чини околи 5.000 долари.

Сподели!
- Advertisement -