Французинки создадоа вегански јајца

- Advertisement -

Две Французинки смислија револуционерна веганска замена за јајца. Чудесните јајца, како што ги нарекуваат, ги создадоа биолози од Париската школа за индустриска биологија. Дали сте спремни да ги замените јајцата од кокошка со новата алтернатива?

Може ли да се користат исто како јајцата од кокошка: Каков мирис и вкус имаат? На сите прашања врзани за новата веганска верзија на јајца одговорија Филип Сулере и Шерилин Тависук, креаторите на иновацијата.

- Advertisement -

Клучните состојки на јајцата подоцна ќе бидат откриени, но истражувањето првично се базирало на мешункасти плодови. Проблемот со кој се соочуваат сега е пронаоѓање на вистинскиот баланс на состојките за да ја добијат вистинската формула.

Кога тестовите добијат зелено светло за да може да се гарантира хранливата вредност, овие јајца ќе се најдат и на пазарот. Целта на двете иноваторки е јајцата да бидат готови за продажба до средината на оваа година. Овие јајца ќе се јадат на ист начин како и кокошкините и ќе можете да избирате дали сакате омлет или ќе ги изматите за да направите колач. Единствениот проблем кој го имаат засега е добивање на шлаг од белките, но планираат да го решат пред да ги пласираат јајцата на пазарот.

- Advertisement -

Дури и изгледот на јајцата ќе биде ист. Во моментот работат на развојот на лушпата на јајцата и преговараат со експерти за да ја пронајдат најздравата опција. Крајната цел им е јајцата да бидат глобално достапни. Во однос на составот, чудесните јајца содржат 10% помалку масти и протеини од кокошкините, помалку калорични се и содржат диетални влакна.

Најтешкиот предизвик при развојот на јајцата било да направат јајца кои ќе реагираат на ист начин како кокошкините кога ќе се приготвуваат.

Сподели!
- Advertisement -