Огномет во Колорадo влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголем во светот

- Advertisement -

Огнометот во американската сојузна држава Колорадо, кој се случи изминатиот викенд, го сруши рекордот за најголем огномет во светот според Гинисовата книга за рекорди.

За успешниот огмонет биле потребни 1.270 килограми пиротехника, кои биле лансирани зо брзина од речиси 500 км/ч од цевка долга осум метри. Претходниот рекорд беше поставен во Обединетите Арапски Емирати, кои во 2018 година направија огномет со 1087,26 килограми пиротехника.

- Advertisement -

Огнометот беше исфрлен во воздух до висина од километар и пол. Подготовките за огнометот во Стимбоут Спрингс траеле седум години, а првиот неуспешен обид за рушење на рекордот бил минатата година, кога касетата со пиротехника експлодирала премногу рано.

Сподели!
- Advertisement -