11.3 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

Македонскиот стартап STORNEST ќе биде дел од Програмата за иновации на Insurtech Hub Минхен

Kabtel desktop

Македонскиот стартап STORNEST, креатор на првиот продукт на нашиот пазар кој нуди комплетно решение за нашето лично дигитално наследство,  е избран за учесник на Програмата за иновации, од страна на Insurtech Hub Минхен.

STORNEST претставува дигитален сеф во кој секоја индивидуа може да ги зачува и складира своите важни документи и информации, од било кој формат (лозинки, тестаменти, имотни листови, осигурителни полиси, хартии од вредност и др.). Во случај на нереспонзивност, зачуваните податоци се споделуваат со најблиските по предодредени правила, согласно алгоритмот и механизмот кој ја прави оваа проверка. Производот е базиран на врвна сигурносна инфраструктура, која овозможува безбедно зачувување на податоците и нивно пренесување.

Програмата за иновации е замислена како 13 неделна програма во која ќе се обработат повеќе теми како развој на производ и негово глобално позиционирање, скалабилност, таргетирани пазари и група на корисници, маркетинг и продажба, добивање на потребната инвестиција и др. Како корпоративни претставници кои се дел од самата програма се реномираните Allianz, Generali, Microsoft, PWC, Roche, ARAG, Die Bayerische, Munich Re, Markel, LV1871 и WWK.

Организатор на оваа програма е Insurtech Hub Минхен, хаб кој нуди платформа за соработка и партнерство на корпоративниот осигурителен сектор во Германија, со стартапи, инвеститори, високообразовни институции, консултанти и претставници од владиниот сектор.

Мисијата на Insurtech Hub Минхен е успешно фасилитирање на процесот на иновација и развој на производи, како и креирање на вредност за сите страни вклучени во процесот.

Преку учество во оваа програма, STORNEST има директна можност за соработка со компании и институции од германскиот корпоративен и стартап екосистем, како и за продажба на производот на глобалниот пазар.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •