Продолжуваат едукативните работилници од програмата „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“

- Advertisement -

Продолжуваат едукативните работилници од програмата „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“

А1 Македонија со задоволство го најавува продолжувањето на  едукативната програма „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“, наменета за учениците од четврто одделение. Годинава, за разлика од претходните, најмалите членови на А1 семејството имаат можност да го пријават своето одделение и да присуствуваат на работилниците организирани во просториите на компанијата. Денес се одржа и првата работилница од овогодинешниот циклус за учениците од ОУ ‘11 Oктомври’, предводена  од страна на волонтери – предавачи вработени во А1 Македонија.

„Големиот интерес од страна на учениците, наставниот кадар во основните училишта како и на родителите на ученици од четврто одделение вработени во А1 Македонија, не поттикнаа и оваа година да продолжиме со организација и предавања на темата безбеден интернет. Секој родител во соработка со училиштето има можност да пријави паралелка или цела генерација четврдоодделенци за реализација на едукативната работилница во просториите на компанијата. Горди сме што со оваа програма придонесуваме кон едукација на најмладите и кон нивна соодветна подготовка за иднината и дигиталниот свет и што уште еднаш ја потврдуваме својата јасна определба да вложуваме во заедницата каде работиме и живееме,” изјави Емилија Зографска, од одделот за Корпоративни комуникации на A1 Македонија.

- Advertisement -

Целта на проектот е едукација на учениците за подобро и паметно користење на интернет, како да се заштитат од можни опасности при користењето на интернет и социјални мрежи, како и подигање на свеста на пошироката јавност за етичко и одговорно однесување при користењето на интернет. Преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците стекнуваат неопходни компетенции за нивно активно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата. Во рамките на 60-минутните предавања, волонтерите од А1 Македонија, на интересен и забавен начин, преку практични примери и ситуации, на децата им ја доловија суштината на интернетот, со особен фокус на безбедноста при користењето.  

  • Проектот започна во 2018та година на територијата на град Скопје, кога предавањата ги проследија повеќе од 700 четврто-одделенци, од 28 македонски и албански паралелки, а активно беа вклучени повеќе од 70 наставници, директори, педагози и психолози од училиштата.
  • Поради успехот и потребата од ваков тип на работилници, во 2019та година проектот успешно продолжи да се одвива во 12 општини низ целата земја.
  • Едукативната програма „Интернетот не е само игра…Кликај безбедно“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија.
  • Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Дел е од иницијативата “Интернет за сите” на А1 Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година. Со програмата досега се опфатени повеќе од 2000 ученици.
Сподели!
- Advertisement -