Промоција на резултатите од потпроектите на винарските визби„Попова Кула“ и „Лазар“поддржани од Проектот за локална и регионална конкурентност

- Advertisement -

Денес, со традиционално закројување на лозјата по повод празникот Свети Трифун, винарските визби „Попова Кула“ од Демир Капија и „Лазар“ од Неготино како дел од туристичка дестинација Тиквеш и околината, официјално ги започнаа активностите за претстојната година и ги промовираа резултатите од завршените потпроекти поддржани од страна на Проектот за локална и регионална конкурентност со кои се надоградува успешната приказна за македонскиот вински туризам.

„Сметам дека преку оваа програма преку која директно се поттикнуваат компаниите да инвестираат 50% од инвестицијата а 50% ги покрива ПЛРК добиваме можност да се имплементираат соодветни проекти кои нудат нови содржини а со тоа директно се влијае на развој на економијата на Тиквешијата.Навистина сметам дека понатаму на овој начин ако ги поддржиме и инвестираме во туристичките дестинациите, ги подржиме компаниите а исто така и општините  може да добиеме една поинаква слика за туризмот во нашата држава којшто нуди огромни можности“ – истакна г-ѓа Мила Царовска, заменик Претседател на Владата.

- Advertisement -

Симболиката на празникот Свети Трифун како заштитник на лозарите и винарските визби е повод за промоција на резултатите од спроведените потпроекти од страна на двете винарии.

Со поддржаниот потпроект „Збогатување на понудата“ винарската визба „Попова Кула“ оствари резултати со кои се поттикнува развојот на винскиот и гастрономскиот туризам и се создадоа можности за понуда на локални производи, храна и сувенири од страна на локалното население:

- Advertisement -
  • Реновирани се 11 соби и други делови во хотелот,
  • Уреден е паркинг за велосипеди и место за чување спортска опрема,
  • Поставена е опрема и придружна инфраструктура за организација на гастрономски и културни настани која вклучува фурна, скара и тенда,
  • Како нова понуда, воспоставен е пазар за земјоделски производи, локално подготвена храна и сувенири во кругот на хотелот.

На денешниот празник на лозарите и винарите – Св. Трифун, со задоволство можеме да дадеме информација дека оваа инвестиција, која во ПЛРК се води како потпроект, успешно ја реализиравме.Во рамките на потпроектот ние реновиравме 11 хотелски соби, значајно ја проширивме кујната на ресторанот, оформивме пазар за земјоделски производи и ракотворби, оформивме паркинг за велосипеди и набавивме велосипеди, направивме тенда, надворешна скара и фурна и детско катче.  Со тоа го унапредивме квалитетот на постојните туристички понуди но а развивме и нови туристички содржини. Очекуваме оваа инвестиција да допринесе за зголемено задоволството на нашите гости и да ни донесе нови гости“, истакна г-дин Јордан Трајков, сопственик на винарската визба „Попова Кула“.

Најдобар начин да се запознаат македонските вина е да се биде дел од винските тури. Турите што се организираат од страна на винарска визба „Попова Кула“ овозможуваат посета на винариите и на околните фарми, но исто така и дегустација на убави вина и богато гастрономско уживање во понуда на традиционални јадења.

- Advertisement -

Потпроектот „Инвестиции во реконструкција на објектот“ на винарската визба „Лазар“ го подобри квалитетот на услугите за сместување и угостителство во функција на развој на туристичката понуда и винскиот туризам.

Развојот на туризмот придонесува за локален економски развој преку развој на комплементарните сектори. Директни и индиректни корисници на резултатите од потпроектот на Винарската визба „Лазар“ се локалните мали и средни претпријатија и индивидуалци, т.е. локалните производители на храна и вино, и останатите угостителско – сместувачки капацитети, кои ќе имаат корист од зголемената продажба со што се созадаваат можности за отворање на дополнителни работни места во дестинацијата.

Во рамки на потпроектот со вкупна вредност на инвестицијата од 12.301.157 денари винарската визба „Лазар“:

  • Реконструираше и опреми 6 апартмани,
  • Направи реконструкција на кујната, ресторанот и летната тераса,
  • Набави опрема за кујна и ресторан со капацитет за опслужување на 50 посетители,
  • Партерно и хортикултурно ја уреди околината на винаријата.

Во непосредна близина на винаријата се нудат и други активности за туристите, кои го збогатуваат и продолжуваат нивниот престој во Дестинацијата Тиквеш и околината.

Во реконструираниот објект на винаријата се нудат услуги за активен туризам како на пример пешачење, возење на велосипед и спортски риболов преку искористување на природните ресурси во непосредна близина на винаријата, и тоа реките Црна Река и Вардар, археолошкиот локалитет Стоби, лозовите насади и парк шумата „Гоцева Шума“, истакна г-дин Лазар Ристов, сопственик на Винарска визба Лазар.

Потпроектите коишто ги спроведоа двете винарски визби „Попова Кула“ и „Лазар“ ја збогатија туристичката понуда во дестинацијата „Тиквеш и околината“ со воведување на нови активности и подобрување на туристичката инфраструктура.

Со поддршка на Проектот за локална и регионална конкуретност, микро и малите претпријатија кои работаат во областа на туризмот ги подобруваат капацитетите за сместување и угостителство и ја збогатуваат туристичката понуда со нови активности. На овој начин се поттикнуваат приватните инвестиции, каде корисниците на подгрантови учествуваат со 50% од вкупната вредност на потпроектот.

„Во соработка со микро и мали претпријатија, спроведуваме активности кои во најголем дел се насочени кон подобрување на квалитетот на услугите, зголемување на капацитетите за сместување и угостителство, збогатување на туристичката понуда во дестинациите. Преку резултатите на овие и уште 60-тина други потпроекти кои се финансираат преку Проектот  за локална и регионална конкурентност се остварува главната развојна цел на проектот – Зголемување на придонесот на туризмот во локалниот економски развој“ истакна г-ѓа Антонија Шишак, директор на Проектот за локална и регионална конкурентност.

„Кога го слушав сопственикот на „Попова Кула“ сфатив зошто ние како Европска унија го поддржуваме овој проект- затоа што всушност ја слушнавме неговата енергија, неговата визија и неговата пасија која што е поврзана со развој на туризмот и производството на вино. Мислам дека токму таа е целта на нашиот проект кој го реализираме со Светка Банка и Владата да можеме да изградиме еден  вински бренд којшто ќе го промовира туризмот во вашата земја“ – потенцира Амбасадорот Жбогар.

„Ние го гледаме туризмот како еден двигател на економскиот раст и промоција на една земја, меѓутоа не се работи само за економијата туку преку туризмот земјите покажуваат на светото најдоброто што го имаат. Многу сме горди што можеме да  помогнеме на Република Северна Македонија да ја унапреди и истакне својата култура. Секако сето оваа нема да биде можно ако немаме одлични производи кои можат да се пласираат на пазарот, токму затоа со Владата спроведуваме проект коишто помага сопствениците да го зајакнат своето производство и дополнително да допринесат за економски развој“, – рече Марко Мантованели, директор на Светска банка за Северна Македонија и Косово

Проектот за локална и регионална конкуретност е водечки проект за развој на туризмот во државата.

Преку Проектот за локална и регионална конкуретност поддржани се потпроекти кои ги спроведуваат општини, микро и мали претпријатија, како и асоцијации кои работат во областа на туризмот, а кои имаат за цел создавање на интегрирани туристички производи во сите 10 туристички дестинации, кои се од суштинско значење за подобрување на впечатокот и доживувањето на туристите кои ја посетуваат државата.

Проектот за локална и регионална конкурентост е финансиран од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, се администрира од страна на Светска Банка, а се спроведува од страна на Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори.

Сподели!
- Advertisement -