Нова апликација проверува дали сте дошле во контакт со смртоносниот корона вирус

- Advertisement -

Државната кинеска медиумска агенција Xinhua извести дека е направена апликација која ќе помогне во следењето на заразата со корона вирусот. Имено, апликацијата е детектор на блиски контакти, која на луѓето им овозможува да проверат дали биле изложени на новиот опасен вирус.

Корисниците можат да го скенираат QR кодот преку мобилна апликација како Alipay, WeChat и QQ за да направат проверка. По регистрацијата на телефонскиот број, корисниците мора да го внесат своето име и идентификацискиот број за да знаат дали биле во близок контакт со некој заразен.

- Advertisement -

Апликацијата ја развија Главната канцеларија на Државното собрание, Националната здравствена комисија на Кина и корпорациите од групацијата China Electronics Technology Group (CETC).

Според податоците на кинеската Национална здравствена комисија, под близок контакт се подразбира непосредна близина со луѓе заразени од вирусот без ефикасна заштита.

Сподели!
- Advertisement -