Samsung ја претстави новата серија Galaxy S20 телефони со 5G поддршка

- Advertisement -

На посебниот Unpacked настан, кој се одржа во Сан Франциско, Samsung ги претстави своите нови премиум уреди од серијата Galaxy S – S20, S20+ и S20 Ultra. Како што истакнаа од компанијата, оваа серија има целосно нови можности на камерите и ја комбинира вештачката интелигенција со најголемиот сензор на Samsung за одличен квалитет на фотографиите. Така, оваа серија овозможува поедноставно и понапредно исксуство во секојдневното користење на смартфоните.

По прв пат цела серија Galaxy S доаѓа со можност за конеткирање на 5G. Секој уред во оваа серија доаѓа опремен со таа најнова технологија. Камерите на Galaxy S20 нудат супер висока резолуција (108MP наGalaxy S20 Ultra и 64MP na Galaxy S20 и Galaxy S20+), која јасно ги открива сите детали на фотографиите и има сензори за светлина за фотографиите да имаат висок квалитет и при лошо осветлување.

- Advertisement -

Со Space Zoom технологијата, која користи комбинација од Hybrid Optic Zoom и Super Resolution Zoom, опции кои работат со вештачка интелигенција, на корисниците им се овозможува неверојатно ниво на приближување на фотографиите. Користејќи ја Single Take технологијата, Galaxy S20 може да направи многу фотографии и видеа со ефекти како фокус во живо, ултрашироко фотографирање итн. Исто така, Galaxy S20 нуди можност за снимање видеа во 8K, кое може да се стопира и да се направи фотографија од 33MP или да се погледне видео на Samsung QLED 8K телевизор.

Благодарение на интеграцијата на Spotify и Bixby, корисниците сега секогаш имаат пристап до својата омилена листа, а со помош на Music Share можат да ја прошират Bluetooth конекцијата на автомобилски стерео уреди или звучници преку телефон.

- Advertisement -

Galaxy S20 го подига и играњето видеоигри на ново ниво. Со екран од 120 Hz, корисниците ќе можат да искуста најголема брзина на освежување и супер брза игра. Galaxy S20 содржи и нов сигурен процесор наречен Guardian Chip за заштита од хардверски напади. Galaxy S20 доаѓа со 25W брз полнач, додека Galaxy S20 Ultra поддржува брзо полнење од 45W.

Сподели!
- Advertisement -