Google конечно одлучи да преземе нешто во врска со батериите на мобилните телефони и изгледа дека пронајдоа начин како да го продолжат траењето на батеријата. Притоа, екраните на многу нови уреди имаат стапка на „освежување“ од 90Hz, па дури и 120Hz, што е дополнителен притисок за батериите во смартфоните.
Ultra Low Power Mode би требало да биде решението кое го избра Google и оваа гункција веројатно прво ќе пристигне на уредите Pixel, иако уште не е јасно кога ќе биде достапна за сите Android уреди.
Се разбира, Google не го измисли овој концепт. Samsung го популаризираше Ultra Low Power Mode уште во 2014 година на Galaxy S5, па изгледа дека ќе видиме слични мерки за заштеда на енергија и од Google.
Тоа, пред се, се однесува на монохроматски екран, целосно исклучување на интернет конекцијата и дозволување пристап само до основните функции.