Британската компанија Pulsar Fusion развива ракетен мотор со кој времетраењето на патот од Земјата до Марс ќе се скрати за половина

- Advertisement -

Прототипот на ракетниот мотор со аргонски јони, кој го разви британската компанија Pulsar Fusion, успешно беше тестиран, а максималната брзина која ја забележа прототипот е 89.600 км/ч, тврдат од компанијата.

Станува збор за минијатурна верзија на ракетен мотор на погон на гасот аргон, а од Pulsar Fusion тврдат дека тој мотор кога ќе биде во нормална големина ќе може да развие брзина до 160.000 км/ч, што е двапати повеќе од класичните ракетни мотори.

- Advertisement -

Ова е совршено фунцкионален мотор кој може веднаш да се комерцијализира за користење во вселената, изјави Ричард динан, извршен директор на Pulsar Fusion. Динана во Велика Британија е познат како поранешна ѕвезда на реалното шоу „Made in Chelsea”. Тој вели дека технологијата може да се развива и понатаму, односно да се направи мотор кој ќе функционира на температура потребна за нуклеарна фузија, со што максималната брзина би се зголемила за пет пати, односно на 800.000 км/ч. Тоа би го скратило патот до Марс за 12 пати.

Моторот фунцкионира така што гасот аргон најпрвин се загрева на 1.600 степени Целзиусови, а потоа се магнетизира, што го тера низ моторот да излегува со огромна брзина. Идниот чекор е да се развие ист мотор кој ќе функционира на температура потребна за нуклеарна фузија, при што би се ослободувала енергија која би се користела за постигнување огромни брзини.

Сподели!
- Advertisement -