Утре во Битола ќе се одржи Inno Cafe со интересни гости!

- Advertisement -

Денес, успешните бизниси иновациите ги третираат како мошне сериозна работа. И додека светот зборува за иновации, ние кај нас со Innotech Club поттикнуваме на иновации!

На 18 Февруари во 18 часот, во Битола во Center Lounge&Fresg ќе го одржиме настанот кој ќе го промовира Innotech Club проектот во овој регион и ќе биде наменет за иновативни лидери и менаџери, основачи на стартапи, HR професионалци, инвеститори и бизнис ангели, студенти и љубопитни слуштели кои ги интересира патеката на иновативноста.

- Advertisement -

На овој настан:

• Ќе се инспирирате од реалните примери кои луѓето кои водат иновативни бизниси ќе ги споделат со вас.
• Ќе имате шанса да прашате и да научите нешта кои ќе ве охрабарат да започнете можеби и свој бизнис.
• Ќе запознаете нови личности во Вашиот живот кои можеби ќе Ви помогнат да ги реализирате соништата.

- Advertisement -

На Inno Cafe во Битола ќе зборуваат:

Димитар Бошевски, раководител на Microsoft одделот во најголемата ИТ фирма во Битола Интерворкс, а истовремено и Технички Архитект со повеќе од 14 години искуство.

Жарко Качаков, директор на сектор развој во ВИТАМИНКА, Прилеп, ќе зборува за неговата специјалност – машинство, додека Димче Поповски, сопственик на македонската компанијата ДАКА Холдинг која произведува лифтови ќе зборува за својата пасија за иновации.

- Advertisement -

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Сподели!
- Advertisement -