Европската комисија претстави дигитална стратегија со која Европа ќе стане важен учесник на полето на дигитализацијата, каде што моментално засотанува зад САД и Кина. Комисијата ја претстави визијата за европско општество базирано на дигитални решенија по мера на човекот, која на претприемачите им отвора нови можности и поттикнува развој на технологија со цел промовирање на отвореното и демократско општество.
Дигиталниот сектор е клучен столб во борбата против климатските промени и реализацијата на зелената транзиција. Со стратегијата се опфатени полињата сајбер безбедност, клучната инфраструктура, дигиталното образование и вештините до деомкратија во медиумите.
Комисијата вчера ја претстави Белата книга, со што отвора јавна расправа за вештачката интелигенција која се базира на доверба и квалитет. Целта е во партнерство со приватнио и со јавниот сектор да се мобилизираат ресурси и да се создадат вистински стимули за побрзо воведување на вештачката интелигенција.
Европа ги има сите предуслови да стане светски лидер на полето на вештачката интелигенција. Имаме одлични истражувачки центри, сигурно дигитални системи и развиена роботика, како и конкурентни производини услужни сектори, наведува Комисијата.
Од Комисијата додаваат дека вештачката интелигенција секогаш мора да им служи на луѓето и секогаш да биде во согласност со човечките правила. Токму затоа човекот мора да има контрола во критичните моменти. Т.н. високоризична вештачка интелигенција мора да биде проверена и да добие сертификат пред да се појави на европскиот пазар, велат оттаму.