Основање регионален фонд што ќе работи по примерот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е предлог што министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски го дадоа на денешниот Самит на раководители на акцелераторот за конкурентност и иновации, а седиштето на фондот би бил во Скопје.
Ангеловска за МИА посочи дека ова е прва иницијативата на Светскиот економски форум за земјите од Западен Балкан, што има за цел да се развие конкурентноста на регионот преку воспоставување акцелелатор, платформа, што ќе биде во соработка со јавниот и приватниот сектор за да се помогне на домашните комапнии да се прошират на глобалниот пазар.
Таа, како што јави известувачот на МИА од Тирана, наведе дека иницијативата има идентификувано четири приоритети.
– Тоа се трансформативното претприемништво, кое е навистина многу важно за развој на регионот, вториот приоритет е трпеливо инвестирање, односно да не се чекаат брзи резултати, туку оти дека треба да се инвестира и во истражувањето, во развој со цел понатаму да се комерцијализираат идеите и да се има солиден план за развој. Друг приоритет е освојување на нови пазари и последното е предвидување или соработка на приватниот сектор со академиите, со цел да се основаат нови иницијативи кои ќе бидат кокреирани и од академијата и од приватниот сектор, појасни министерката за финансии.
Инаку, по иницијатива на Светскиот економски форум, денеска почнува со работа акцелераторот за конкурентност и иновации на земјите од Западен Балкан.
Извор и Фото – МИА