На нашава планета Земја растат секакви билки, од кои голем дел никогаш не сме ги виделе ниту знаеме какво особини имаат. Едно од таквите растенија за кои никогаш не сме слушнале е т.н. дрво на смртта или на шпански „arbol de la muerte“.
Дрвото за кое станува збор дава плодови слични на диви јаболка, а е од семејството Hippomane mancinella. Некои го нарекувата и јаболко на смртта или отровна гуава. Расте во тропските предели на југот од Северна Америка, на Карибите и во северните делови оф Јужна Америка.
Според Гинисовата книга на рекорди, ова дрво е најопасното дрво во светот. Сите негови делови се екстремно отровни, а интеракцијата со кој било дел од ова дрво или голтањето на плодовите може да биде смртоносно. Отровот во дрвото е тлку јак што не се препорачува ни да се сокриете под него кога врне затоа што органското соединение форбол е толку јако што дури и растворено со дождовна вода може да предизвика тешки изгореници.
Со оглед на тоа колку се отровни, некои стебла на одредени територии се обележани со црвени крстови или јасни натписи за предупредување. Сега се прашувате ако веќе се толку отровни, зошто едноставно не ги исечеме сите, нели?
Затоа што ова дрво е многу битно со локалните екосистеми и се смета за едно од главните во линијата на одбрана од ерозија на плажите во Централна Америка. До денес поради контакт со дрвото се забележани пореди на очите, привремено слепило, воспаление, како и смртни случаи. Меѓутоа, карипските столари ова дрво го користат со векови затоа што успеале да ја откријат тајната за прецизно отстранување на отровот од него со сушење на сонце.