Годишните сметки во Централниот Регистар ќе се примаат до 20 часот

- Advertisement -

Од Централниот регистар ги информираат обврзниците за поднесување на годишни сметки, дека Централниот регистар на Република Северна Македонија ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2019 година, во деновите 27.02.2020 (четврток), 28.02.2020(петок) и 29.02.2020 (сабота), како и на 16.03.2020 (понеделник) година од 08:00 до 20:00 часот.

Микро и мали субјекти  кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 16.03.2020 година.

- Advertisement -

На 27.02.2020 (четврток), 28.02.2020 (петок) и 29.02.2020 (сабота), како и на 16.03.2020 (понеделник) година за самостојните вршители на дејност, со работно време од 08:00 часот – 16:00 часот, Централниот регистар овозможува прием на годишните сметки во хартиена форма за 2019 година за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:

–    Кратово – во објектот на Општина Кратово

- Advertisement -

–    Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар

–    Крушево – во објектот на Уни банка

- Advertisement -

Самостојните вршители на дејност, билансот на приходи и расходи да се достави согласно новиот Правилник за формата и содржината на деловните книги, начинот на нивното водење и искажувањето на финансискиот резултат на даночните обврзници што вршат самостојна дејност (Сл.весник на РСМ бр.21/20) .

Сподели!
- Advertisement -