Младите истражувачи изработија беспилотно летало со примена во земјоделие и шумарство

- Advertisement -

Резултатите од проектот за изработка на дрон со голема носивост за прскање тешкодостапни и инфицирани шуми на тимот ученици од скопската гимназија „Георги Димитров“ и проектот на компанијата „Талент бизнис инкубатор Степ-ап“, со иновативниот проект поддржан од Фондот за „Употреба на дронови за инспекција и надзор на далноводи и дистрибутивната мрежа на струја“ беа претставени пред учениците.

Проектот „Изработка на дрон за прскање на тешкодостапни инфицирани шуми“ е дел од „Предизвик за млади истражувачи 1“, поддржан од ФИТР, а на него работеа тим ученици, предводен од Марко Лазетиќ и менторката Гордана Николовска, од скопската гимназија „Георги Димитров“. Во својата презентација, учениците го споделија искуството од работењето на овој проект, како и вештините што ги стекнале со ваков тип на проект, како тимска работа, способности за усна презентација и практично учење.

- Advertisement -

„Идејата со овој проект беше да се овозможи прскање и заштита на тешко достапни шуми. Овој метод е многу поефикасен од стандардното прскање со авиони бидејќи во овој случај со хемикалии се зафаќаат и здрави делови од шумата, а дронот дозволува прскање на одредени дрвја кои се заболени без да се оштетуваат здравите,“ вели Марко додавајќи дека „дронот може да се употребува и на земјоделски површини бидејќи неговото користење е многу поефикасно и побрзо од традиционалното прскање со што се штеди време и средства.“

Покрај средношколскиот проект, на настанот се претстави и домашната компанија „Талент бизнис инкубатор Степ-ап“, со иновативниот проект кој е поддржан од Фондот – „Употреба на дронови за инспекција и надзор на далноводи и дистрибутивната мрежа на струја“.

- Advertisement -

„Со поддршката на ФИТР, нашата компанија започна со употреба на беспилотните возила и имплементација на проектот. Нашата цел е да им помогнеме на компаниитешто се занимаваат со производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, да обезбедат сигурно и безбедно снабдување со струја до крајните корисници, и да ги подобрат процесите за одржување со употребата на побрз, поквалитетен и посигурен надзор на надземните водови,“ истакна Дарко Петровски, претставник на Степ Ап.

Фондот во рамки на програмата „Предизвик за млади истражувачи“ во моментов поддржува 54 високо квалитетни проекти од средни и основни училишта од целата земја во кои се вклучени стотици ученици и професори, а кои работат на свои пронајдоци базирани на сериозно применети научни методи.

Сподели!
- Advertisement -