Се повеќе фински, дански и шведски компании им купуваат службени уреди на своите вработени!
Европските компании енормно им купуваат телефони, таблети и лаптопи на своите вработени, ставајќи им до знаење дека тие мора да бидат достапни и надвор од канцеларија, а ова го потврдуваат и најновите статистички податоци на Евростат.
Во 2019 година, овој тренд го следеле околу 68% од компаниите, а во дури 36 % од компаниите повеќе од една петтина од вработените имаат службени уреди.
Како што се очекуваше, на врвот се нордиските земји како Финска со 96%, Данска со 92% и Шведска со 87%, а потоа следат Литванија со 86%, Чешка и Словенија со 83% и Хрватска, Естонија и Австрија со 80%.
За разлика од нив, Велика Британија заостанува со 60%, а после неа следат Романија со 58% и Грција со 56%.
На дното се наоѓа Бугарија со 46% проценти што значи дека повеќе од половина од компаниите во земјата им немаат доделено службен телефон или лаптоп на своите вработени.
Извор – www.vrabotuvanje.mk