- Advertisement -
Eпидемијата на новиот коронавирус го загрозува обновувањето на глобалната економија, која е веќе кревка, предупреди денеска директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.
Таа ја даде својата изјава во Ријад, по завршувањето на дводневната средба на министрите за финансии и на гувернерите на централните банки од земјите на Г-20.
- Advertisement -
Вирусот Ковид-19, кој претставува светска здравствена вонредна состојба, ја наруши економската активност во Кина и може да го загрози обновувањето, истакна Георгиева.
Во моментов во светот има околу 80.000 заболени од овој вирус и 2.600 починати. Досега во 36 земји е потврдено присуство на корона вирусот.
- Advertisement -