Прв бесплатен агрегат за сите туристички агенции и нивните понуди

- Advertisement -

Започна со работа првиот агрегат за туристички агенции „Кајак.мк“. Цел на проектот е да го олесни начинот на пребарување понуди за патувања до одредени дестинации, но и да се дојде до превозници со редовни линии или изнајмување на превозни средства за приватни потреби.

На сајтот се објавуваат и вести поврзани со туризмот, каде покрај секојдневата лавина од информации, на корисниците им се овозможува и директен разговор со лицата кои работат на проектот, а кои може да им понудат корисни совети на посетителите.

- Advertisement -

Од „Кајак.мк“ велат дека платформата започнала како „пилот-верзија“ се со цел да согледат што е тоа кое треба да трпи промени, но и да ги слушнат барањата на патниците кои постојано пребаруваат. Најважни за нив се мислењата и очекувањата од самите туристички агенции.

Според нив, страницата е добро дизајнирана, но во престојниот период ќе бидат вметнати нови и свежи алатки за поедноставување при пребарувањето или советувањето.

- Advertisement -

„Она што е од исклучителна важност за патниците е „LAST MINUTE“ категорија, за која во моментов разгледуваме начин за имплементација во системот. Таа треба да биде ефикасна, брза и точна. Летото ни доаѓа, а со тоа доаѓа и доста работа. Не сакаме да ја изгубиме довербата на клиентите кои веќе стекнаа навики да пребаруваат исклучиво на Кајак, а според досегашната бројка на посетеност верувајте дека сме и повеќе од задоволни.

Сподели!
- Advertisement -