Текстилната индустрија е пред колапс, предупредуваат компаниите

- Advertisement -

Целосен колапс со масовно отпуштање на работниците, ѝ претстои на текстилната индустрија ако идните креатори на политиките наместо системска поддршка за поголема продуктивност во секторот, продолжат да форсираат мерки како што беше зголемувањето на минималната плата.

Ова се пораките од денешната прес-конференција во Стопанската Комора на Македонија.
Претставници на Здружението на текстилната и кожарската индустрија побараа македонскиот текстил итно да се преструктуира, да воведат нови, современи технологии, да се модернизира производството и да се насочи кон производи со поголема додадена вредност.

- Advertisement -

“Прво, има недостаток на млад и стручен кадар кој би работел во оваа дејност, второ, проблем е големото иселување на населението од државава, како и покачувањето на платите кое не кореспондира со нивото на продуктивноста во оваа дејност. Со последното покачување на минималната плата таа ќе изнесува 58% од просечната плата на ниво на државата, а 80% од просечната плата во текстилниот сектор. Друг проблем е и тоа што 93% оваа индустрија се базира на „ЛОН“-производство“, предупреди Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната и кожарската индустрија.

Беше кажано дека е ниско нивото на софистицираност на извозните текстилни производи, а тоа е една од клучните причини за ниската продуктивност на оваа индустрија. Ниската продуктивност, пак, е причина за малите плати во текстилната индустрија. Платите во ваква состојба не можат да бидат поголеми, а не можат да бидат поголеми и со некои институционални решенија од типот зголемување на минималната плата. Оваа индустрија на ова ниво на продуктивност е на работ на егзистенција. Затоа се неопходни воздржувања на креаторите на економските политики во делот на најавите за натамошно зголемување на минималната плата, беше клучната порака.

- Advertisement -

Во оваа индустрија работат над 30.000 квалификувани работници, на возраст од 50 – 55 годишна возраст. Професорот Дарко Лазаров од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Лазаров потенцираше дека платите во индустријата може да растат само ако се зголеми продуктивноста.

Сподели!
- Advertisement -