Десетте најбогати семејства во светот имаат богатство колку трите најбогати европски држави

- Advertisement -

Десет најбогати семејства во светот имаат шокантен колективен приход од 3,4 трилиони долари, што е еднакво на бруто домашниот производ на Германија, Велика Британија и Франција заедно.

Семејството Дима од Франција, во чија сопственост се наоѓа брендот Hermes, имаат богатство вредно 49,2 милијарди долари. Првите пари за семејството Дима ги заработил Тиер Ерме во 1837 година, а во 21 век оваа марка прерасна во глобален моден бренд.

- Advertisement -

На деветто место се наоѓа семејството Брин од САД, нивното богатство е проценето на 51,1 милијарди долари. Сергеј Брин е технолошки магнат и соосновач на компанијата Google, a моментално е претседател во матичната компанија Alfabet Ink.

Богатството на семејството Амбани од Индија е проценето на 52,3 милијарди долари. Дирубхаџ Амбани беше соосновач на компанијата Reliance Industries. Неговото богатство рамномерно е поделено меѓу неговите синови, кои се мнозински акционери во компанијата.

- Advertisement -

Семејството Пејџ од САД има богатство проценето на 52,4 милијарди долари. Лери Пејџ е соосновач на Google, а моментално е извршен директор на компанијата Alfabet Ink.

Семејството Албрехт од Германија има богатство вредно 53,5 милијарди долари. Парите ги заработиле двајцата браќа Карл и Тео Албрехт, кои се основачи на синџирот супермаркети Aldi. Со синџирот сега управуваат нивните деца.

- Advertisement -

Богатството на семејството Чакри од Тајланд е проценето на 60 милијарди долари. Тоа семејство последните 237 години владее на Тајланд, а е составено од 22 монарси.

Наредни на листата се семејството Елисон од САД. Тие поседуваат 61,8 милијарди долари. Лери Елисон е соосновач на глобалната корпорација Oracle. Веднаш после нив е семјеството Цукерберг со 63 милијарди долари. На чело на семејството е Марк Цукерберг, основачот на Facebook, кој неодамна изјави дека голем дел од богатството ќе го подели во добротворни цели.

Семејството Слим од Мексико има богатство вредно 64,9 милијарди долари. Тие беа најбогати во светот во периодот од 2010 до 2013 година.

Семејството Марс од САД е на прво место на листата со најбогати семејства во светот. Тие се сопственици на компанијата Mars, a нивното богатство се проценува на 70,8 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -