Српскиот град Панчево станува мал Холивуд

- Advertisement -

Почнувајќи од годинава во план е српскиот град Панчево да стане филмски град. Белградската фирма Fajer flaj ќе изгради три филмски студија во градот. Студијата ќе се градат на површина од 12 хектари на Баваништански пат во зоната Хиподром. Станува збор за инвестиција од 5,8 милиони евра.

„Изградбата на филсмкиот град е битна за Панчево затоа што ќе го позиционира градот како центар за филмската продукција“ велат локалните власти. Целата инвестиција е во првата фаза и се очекува годинава да почне и изградбата.

- Advertisement -

Со отворањето на новите филсмки студија во Панчево, Србија ги зголемува шансите да стане лидер во филмската индустрија во регионот. За да се постигне тоа, Националната служба за вработување од крајот на минатата година почна да организира обуки за одредени занимања од филмската индустрија. Се организираат бесплатни обуки за техничари во секторот камери, техничар за осветлување, сценски техничари, книговодители во филмската индустрија итн.

Сподели!
- Advertisement -