На Копаоник од 1 март се одржува српскиот Давос со експерти од целиот свет

- Advertisement -


Најголемиот регионален бизнис настан, т.н. српски Давос, ќе се одржи од 1 до 4 март. На настанот ќе се соберат повеќе од 1.300 учесници на 28 панели, три пленарни сесии, седум специјални настани, две посебни обраќања на гости и нови формати – два отворени разговори.

Кopaonik Business Forum, меѓу другото, е место на кое се почнуваат конструктивни расправи и анализи на се што е направено минатата година. Годинава главниот фокус на форумот ќе биде ставен на четвртата индустриска револуција и промените кои ги носи со себе.

- Advertisement -

На форумот ќе се соберат српски економски теоретичари, амбасадори, претставници на меѓународни финансиски институции, големи регионални и странски инвеститори, претприемачи и др.

Традиционално специјалното обраќање на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, е планирано за последниот дел од форумот. Како и претходните години, настаните на форумот секој ден може да се следат на порталот B92.

Сподели!
- Advertisement -