Речиси 8.000 луѓе се на листата за чекање за патување во вселената со Virgin Galactic

- Advertisement -


Компанијата за вселенски туризам на британскиот милијардер Ричард Бренсон, Virgin Galactic, која своите први клиенти во вселената планира да ги испрати летово, најави дека поради големата побарувачка ќе пушти во продажба уште билети и го дуплираше бројот на резервации во однос на септември минатата година. Сега на листата за чекање има 7.957 заинтересирани патници.

Компанијата престана официјално да продава билети по првиот вселенски лет, кој беше реализиран во декември 2018 година. Цените и датумот на идниот лет не се познати, но билетите за првиот комерцијален лет се распродадени. Засега компанијата има букирано 603 фиксни резервации од 60 земји од светот по дури 250.000 долари, но од Virgin Galactic велат дека и понатаму им стигнуваат барања од заинтересирани авантуристи.

- Advertisement -

Затоа, од денес почнува продажба на нови билети, а како што пишуваат медиумите, компанијата стартувала и квалификациска програма наречена One Small Step, за која треба да се плати аванс во износ од 1.000 долари.

Меѓу познатите кои купиле билети за вселенски патувања со компанијата на Ричард Бренсон се Џастин Бибер и Леонардо Дикаприо, а Бренсон вели дека сака да им се придружи на патниците на првиот комерцијален лет.

Сподели!
- Advertisement -