Волонтерски Центар Скопје нуди 1.000 евра за млади со општествено корисни и важни идеи!

- Advertisement -

Го знаете оној цитат од Кенеди: Не прашувај што може државата да направи за тебе, прашај се што можеш ти да направиш за државата? Инспирирани од оваа мисла, ние во Волонтерски Центар Скопје долго размислувавме како би можеле да создадеме платформа која директно ќе ги предизвика младите луѓе во Македонија и низ Европа да излезат од демократската апатија во која се наоѓаат. Нашата цел беше да ги мотивираме да престанат да размислуваат дека “политичарите се сите исти„ и дека „ништо не се менува“, и да ги предизвикаме критички да размислуваат и да искусат дека секој од нас може да биде активен граѓанин и директен учесник во процесот наречен демократија.

Проектот „Европските млади како предводници на активно граѓанство: Насоки за импакт во заениците на Исток- Запад- Север- Југ“ е проект кој таргетира селектирани млади луѓе во Македонија, Шпанија, Романија, Кипар и Данска кои имаат потенцијал да бидат млади лидери и кои имаат идеи и иницијативи кои аспирираат да ја подобрат заедницата во која живеат. Младите луѓе ќе добијат обука за механизми и алатки кои може да ги користат при имплементирањето на нивните проекти, ќе добијат персонализирано менторство за да се осигура максимален резултат, добиваат буџет од 1.000 евра кои можат да ги искористат за својата иницијатива, поддршка да остварат дијалог со претставници од државните институции кои можат директно да влијаат, т.е. помогнат со остварувањето на визиите на младите луѓе, и се разбира поддршка за целокупен проектен менаџмент.

- Advertisement -

Во многу програми и можности младите се само краен корисник, но преку овој проект целиме тие да добијат вештини и компетенции за креативни решенија и да инспирираме учество во општествените процеси преку заложби за теми и области кои им претставуваат предизвик. Преку фокусирање на нивната енергија, ентузијазам и одлучност тие ќе можат да направат промена и импакт во нивните заедници.

Младите се стратешка сила во секое општество и само ако се охрабрени да дејствуваат ќе овозможиме позитивни промени. Без оглед на тековни политички агенди, подобрувањето на животот на младите луѓе мора да е перманентен приоритет во денешните плуралистички општества. Потребна е смена во размислувањето дека мора да ги прифатиме работите кои не можеме да ги промениме во: ајде да ги промениме работите кои не можеме да ги прифатиме.

- Advertisement -

Преку овој проект, како паралелен процес во 5те гореспоменати европски држави, младите ќе иницираат проекти во следниве 5 области:

  • Образование и доживотно учење (човекот учи додека е жив)
  • Социјални и општествени теми (грижа за други)
  • Екологија и здрава околина (за поздрава животна средина)
  • Култура (и културно наследство)
  • Здравје и добросостојба (здраво тело, здрав дух)

Доколку познавате млади луѓе кои имаат иницијатива или би сакале да иницираат активности во некоја од овие области, ве охрабруваме да ги мотивирате за се пријават најдоцна до 28 февруари, на https://vcs.org.mk/mk/call-for-new-ideas/

Сподели!
- Advertisement -