Земјата со највисока минимална плата, Луксембург воведува целосно бесплатен јавен превоз

- Advertisement -

Луксембург од први март ќе стане првата земја во светот каде јавниот превоз ќе биде целосно бесплатен, целта е да се поттикнат луѓето да се откажат од автомобилите.

Патниците ќе треба да приложат само документ за идентификација за да ги користат автобусите, трамваите и возовите во земјата.

- Advertisement -

Покрај оваа мерка, министерството за транспорт се залага и за поефикасна и помодерна мрежа на јавен превоз во наредните години за да го направи поатрактивен. Луксембург е една од земјите во Европа каде стапката на автомобилисти е највисока.

Бесплатниот јавен превоз беше едно од ветувањата на владината коалиција, мерката ќе ја чини 41 милион евра годишна и ќе се финансира од даноци.

- Advertisement -

инималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова зголемување, Луксембург беше земја со најголема минимална плата во ЕУ.

Паралелно со промената на индексот на плати на 1 јануари, забележано е зголемување и на бројните социјални приходи во Луксембург. Минималната плата за возрасно лице без квалификации е зголемена од 2,09 илјади евра на 2,14 илјади евра.

- Advertisement -

Минималниот за квалификувани работници е 2,57 илјади евра, што претставува зголемување од околу 63 евра во однос на претходниот период. Се зголемува и заработувачката на младите. За учениците на возраст од 15 до 17 години, минималната заработувачка е 1,6 илјади евра, што претставува зголемување од 39 евра. За учениците на возраст од 17 до 18 години, минималната заработувачка е 1,7 илјади евра, или 42 евра повеќе. Минималната пензија е зголемена на 1,9 илјади евра месечно.

Сподели!
- Advertisement -