Регулаторната комисија за енергетика денес ги објави новите цени на нафтените деривати и оваа недела има значително намалување на цената и на безнините и на дизел горивата.
Според одлуката на Комисијата, од ноќеска на полноќ цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намалат за 3,00 денари за литар, односно литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава 64,00 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 66,00 денари.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ, пак, ќе се намали за 2,50 денари во однос на минатонеделната и од ноќеска на полноќ еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 56,00 денари.
И екстралесното масло за домаќинство ќе поевтини и неделава ќе се продава по 45,00 денари за литар.
Цените ќе стапат на сила ноќеска на полноќ и ќе важат во наредните седум дена.