Научници од Руската академија за науки соопштија дека поларните мечки поради недостиг од храна, се повеќе се вртат кон канибализам и напаѓаат други мечки.
„Случаите на канибализам меѓу поларните мечки постоеја и порано, но многу ретко, додека сега ги има се почесто“ изјавуваат експерти за поларни мечки.
Тие во истражувањето наведуваат дека канибализмот е последица на недостигот од дрги извори на храна. „Во одредени сезони нема доволно храна, па големите мажјаци ги напаѓаат женките со потомството“ додаваат тие.
Екстракцијата на фосилно гориво го загрозува животниот простор на поларните мечки и традиционалните извори на храна на два фронта. Исто така, климатските промени ја загреваат Русија 2,5 пати побрзо од остатокот од светот. Морскиот лед во рускиот дел од Арктикот е значително намален.
Од друга страна, нафтената индустрија и гасот на полуостровот Јамал директно го загрозуваат живеалиштето на поларните мечки, каде што ловеле порано. ПШоларните мечки доаѓаат и во селата, а минатата година беше прогласена вонредна состојба откако 50 мечки влегоа во населба на островите Нова земја.