Портпарол на СЗО: Вакцина против Ковид-19 за три до четири месеци

- Advertisement -

Клиничките испитувања за вакцината против новиот коронавирус се очекуваат за три до четири месеци, рече портпаролот на Светската здравствена организација, Тарик Јашаревиќ.

-Тимови на експерти од целиот свет се ангажираат дење и ноќе во оваа и другите заеднички мисии и веруваме дека тоа ќе даде резултати- изјави Јашаревиќ за „Вечерње новости”.

- Advertisement -

-Новиот вирус е глобален проблем, а вакцината против него е глобален напор да имаме поддршка и од Светска банка и од Коалицијата за иновации во спречувањето на ширење заразни болести. Целта на сите е да се најде вакцина што е можно поскоро- додаде портпаролот на СЗО.

Според него, потврдено е врз основа на генетската структура на вирусот дека не доаѓа од лабораторија, а се зголемуваат докази за поврзаност на Ковид-19 со слични коронавируси кои се јавуваат кај лилјаци.

- Advertisement -

-Самиот почеток и пренесувањето на вирусот на луѓе досега е нејасен. Најверојатната претпоставка е дека животно е преносник од лилјаци на луѓе- рече Јашаревиќ.

Тој додаде дека СЗО е охрабрена од постојаниот пад на бројот на пациенти во Кина, но исто така загрижен од бројот на пациенти во другите делови на светот.

- Advertisement -

Извор – МИА

Сподели!
- Advertisement -