Ангеловска: Буџетот има капацитет за какви било шокови од короноварирусот

- Advertisement -

Рано е да се зборува за бројки за финансиски штети поради коронавирусот, будно се следи состојбата, а државниот Буџет е во добра кондиција во првите два месеца и имаме капацитет во секој момент да се справиме со какви било шокови, вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

Првична реакција, укажува, имаше на пазарот на капитал, а засега се можни евентуални последици во транспортната и туристичката дејност поради откажаните аранжмани, како и кожарската индустрија што соработува во регионот на Северна Италија.

- Advertisement -

– Не би рекла дека може да кажеме – ништо не може да очекуваме, меѓутоа следиме и оти треба да бидеме будни и да интервенирале или превенираме каде било, следиме и го имаме капацитетот, за тоа се дискутира и во рамки на Владата. Сепак, сметам дека во однос на какви било анализи или квантификации не би било сериозно да излеземе веднаш со некакви си бројки, изјави Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата по повод стартот на проектот за локални патишта.

Како што посочи, првата реакција при ваква состојба е секогаш кај пазарот на капитал, како што беше случајот и кај нас со неодамнешниот пад на МБИ на Македонска берза, но искуство покажува оти доаѓа до стабилизирање и не било оправдано.

- Advertisement -

– Она кое што го гледаме е дека има откажани туристички аранжмани, па тука влијае одреденото одложување на аранжманите кај туристичките агенции, кај транспортната дејност. Друга некоја дејност во која што можеби евентуално би се почувствувало иако не зборуваме за криза зборуваме за моменталната анализа, е кожарската индустрија која што има размена со Италија. Значи, генерално зборуваме за будно следење, превенирање, спред се здравството, но секако и во рамки на економијата, бидејќи здравјето влијае и на економијата и обратно економијата влијае на здравјето, рече Ангеловска.

Сподели!
- Advertisement -