Британски стартап планира да посади 500 милијарди дрвја со помош на дронови

- Advertisement -

Дендро е грчки збор за дрво, поради што се наоѓа во името на новата британска компанија Dendra Systems, претходно позната како Biocarbon Engineering. Компанијата има за цел со помош на дронови до 2060 година да засади 500 милијарди стебла. Она што ги мотивира научниците и инженерите кои стојат зад проектот е обновување на природните екосистеми и борба против климатските промени и последиците кои ги носат.

Како што проценува Светската фондација за природа, на глобално ниво секоја година се губат околу 7,5 милиони хектари шумско земјиште, што значи дека секоја минута се губи шума со површина на 27 фудбалски терени. Со оглед на тоа дека толкава површина на дрвја не се засадува, со години наназад се создава дизбаланс помеѓу стапката на уништување и стапката на обновување на екосистемот.

- Advertisement -

Но, компанијата Dendra одлучи да го смени тоа. Еден дрон може да засади две стебла за една секунда, а кампањата која ја стартуваа проценува дека се потребни 400 тимови со двајца оператери по тим кои ќе управуваат со 10 дронови за да се засадат 10 милијарди дрвја годишно.

Првиот чекор кон реализација на проектот е да се пронајде површина на која ќе се засадуваат дрвјата, а таа ќе се пронајде со комбинација од сателитски снимки и податоци за топографијата на земјиштетот кои ги собираат дронови. Потоа, се испраќаат специјализирани дронови кои носат биоразградливи мешунки во кои има неизртено семе прекриено со хидрогел, кој ги содржи потребните хранливи состојки.

- Advertisement -

Кога ќе се најдат над определената локација, леталата користејќи воздух под притисок ќе ги испратат мешунките на земјата. Дроновите ќе можат да испуштаат по 120 мешунки за 1 минута. Кога ќе допре вода до мешунките, семето ќе почне да рти. .

Од Dendra тврдат дека овој петод ќе биде 150 пати побрз и 10 пати поисплатлив од традиционалното рачно садење. Компанијата моментално е активна во Велика Британија и во Австралија, а во Мјанмар саделе мангрови, тип на вегетација која се развива на калливите делови од заливите, лагуните и речните сливови во тропските предели. Овие дрвја може да акумулираат повеќе јаглерод диоксид отколку кое било дрво на Земјата – се проценува дека е изгубена половина од светската популација на мангрови, а нивното сечење е одговорно за емисијата на 24 милиони тони јаглерод диоксид годишно.

Сподели!
- Advertisement -