Колку долго може да преживее корона вирусот на одредени предмети?

- Advertisement -


Корона вирусот или COVID-19 е заразна болест која глевно се пренесува со близок контакт од човек на човек, односно ако се најдете во непосредна близина со заразена личност, било таа да кивне или да дојдете во контакт со предмет кој го допрела таа личност.

Во светот се појави паника од тоа дека предметите купени онлајн од Кина може да го пренесат корона вирусот. Според германската студија која ја објави списанието The Journal of Hospital Infection, предметите кои најчесто се нарачуваат онлајн исто така може да бидат еден од главните носители на корона вирусот од некоја земја.

- Advertisement -

Тимот од научници кој ја направи студијата анализирал различни материјали како пластика, стакло, челик, алуминиум, други метали, дрво, хартија и керамика за да видат како реагираат кога се изложени на корона вирусот. Тие откриле дека корона вирусот може да преживее на некои неживи површини како метал, дрво и стакло до девет дена. Поточно истражувањето покажало дека на метал корона вирусот може да преживее пет дена.

Предметите од алиминиум се најбезбедни затоа што на нив корона вирусот може да преживее од 2 до 8 часа. Пластиката е најлоша затоа што при контакт со вирусот тој на неа може да се задржи од 2 до 9 дена.

- Advertisement -

Температурата во просторијата во која се наоѓаат предметите исто така игра голема улога. Под подолу приложената табела можете да видите колку време преживува вирусот на разни површини.

Сподели!
- Advertisement -