Кинески производител на автомобили го користи стравот од корона вирусот за да продава автомобили

- Advertisement -

Кинескиот производител на автомобили Geely, чие глобално влијание ги вклучува Volvo, Polestarm, Lotus и други производители на автомобили, направи многу за Кина во борбата со епидемијата на корона вирусот. Компанијата дури донираше 50 возила кои се користат за итни случаи. Но, со оглед на тоа дека глобалната економија покажува знаци на слабост пред епидемијата, Geely одлучи да игра на сигурно и да ја искористи епидемијата за го рекламира својот најнов теренец.

Покрај стандардните спецификации, Geely својот нов автомобил Icon го претстави и со посебна опција посветена на детекцијата на вирусот. Како одговор на епидемијата, високо ефикасниот систем поставен во автомобилот Geely Auto го развил во рекордно време, а го има и сертификатот N95.

- Advertisement -

Високо ефикасниот систем за прочистување на воздухот е во тандем со клима уредот и ги изолира и ги елиминира штетните елементи во просторот за патници, вклучувајќи ги и бактериите и вирусите.

Во реалноста, шансата дека овој автомобил ќе се спаси од корона вирусот веројатно е мала. Станува збор за добар маркетинг кој ги доведува луѓето во заблуда дека нивните автомобили се супер моќни.

Сподели!
- Advertisement -