Новиот мултифункционален простор на Brainster е првиот технолошки центар за едукација, настани и филантропија

- Advertisement -

Новиот технолошки центар – Brainster Space, на 650 м2, покрај едукација ќе понуди голем број настани и конференции од областа на ИТ и дигиталните технологии, простор за работа за професионалци, иноватори, претприемачи и ентузијасти, како и бесплатни услуги за општествено одговорни цели.

Компанијата за едукација Brainster, која нуди обуки во областа на IT и дигиталните вештини, отвори нов технолошки центар во Скопје. Во рамки на технолошкиот центар ќе се оддржуваат редовни обуки за вештини за кои постои недостаток на пазарот на трудот: програмирање, тестирање на софтвер, data science, графички дизајн и дигитален маркетинг. Покрај тоа, планирани се преку 70 настани – конференции, семинари, презентации, тематски собири, неформални дружења.

- Advertisement -

Технолошкиот центар ќе биде отворен за сите оние кои се дел од ИТ, комуникациската и дигиталната индустрија и кои имаат потреба од простор за работа, настани и средби, а ќе понуди и бесплатни кариерни консултации за сите оние кои сакаат да започнат кариера во овие области.

Просторот, во слободните термини, ќе биде на располагање за сите некомерцијални настани кои имаат општествено одговорна цел, а Brainster за ваквиот тип на настани и проекти, покрај просторот ќе ги стави на располагање своите останати ресурси – тимови од инструктори и студенти, кои со ентузијазам се вклучуваат во ваков тип на проекти со цел да стекнат поголемо практично искуство.

- Advertisement -

Целта на технолошкиот центар на Brainster е ИТ и дигиталната заедница да добие свое место, каде преку размена на искуства, идеи и соработка на проекти ќе се издигне на уште повисоко ниво и ќе стане уште поконкурентна глобално. Идејата е годишно над 10.000 луѓе од индустријата да го посетат Brainster Space, да бидат дел од настаните кои заеднички со нив ќе ги организираме и да остават своја трага во градењето на уште посилен дигитален и ИТ екосистем во државава“ – изјави Петар Ниновски, основачот на Brainster.

Технолошкиот центар е целосно самостојна и досега најголема инвестиција на Brainster, низ чии едукативни програми поминале речиси 9.000 луѓе. Успешноста на вработување на лицата кои ги посетувале Академиите на компанијата е над 80%. Програмите се креирани да одговорат на дефицитот на квалификувани кадри за дигиталните вештини и ИТ технологиите, а предавачи се препознаени експерти и професионалци во државава, како и гости-предавачи од странство.

Сподели!
- Advertisement -