Светската здравствена организација советува да не користиме хартиени пари

- Advertisement -

За да се спречи секаква можност за ширење на корона вирусот, од Светската здравствена организација советуваат да не се користат хартиени пари, туку кредитни картички или некој друг начин на плаќање.

Експертите сметаат дека токму банкнотите може да бидат еден од начините а ширење на заразата со оглед на тоа дека бактериите и вирусите на нив може да жувеат и до неколку дена. Поради тоа се издадени мерки на предупредување и граѓаните се советуваат после користењето на банкноти да ги мијат рацете.

- Advertisement -

„Знаеме дека парите се совршено легло за сите видови бактерии и вируси. Ги советуваме луѓето да ги мијат рацете откако ќе држат банкноти во раце и да избегнуваат допирање на лицето. Со бесконтактното плаќање може да се намали ризикот од пренос на болеста“ велат од СЗО. .

Кина и Кореја минатиот месец почнаа со дезинфекција и изолација на користените банкноти како една од мерките за стопирање на ширењето на опасниот вирус.

Сподели!
- Advertisement -