Драстично расте бројот на ултрабогаташи. Само лани нови 31.000!

- Advertisement -

Минатата година, повеќе од 31.000 луѓе се приклучија во редовите на ултра богатите благодарение на растот на глобалниот пазар на акцизи и брзиот пораст на цените на недвижностите.

Бројот на богаташи кои заработуваат повеќе од 30 милиони долари годишно пораснал во 2019 година за шест проценти, па денес имаме 513.244 такви луѓе во светот, се наведува во извештајот на агенцијата Knight Frank, објави Guardian.

- Advertisement -

Тоа значи дека ширум светот има повеќе ултра богати луѓе отколку жители на Исланд, Малта или Белизе.

Се очекува популацијата на ултра богатите до 2024 година да порасне за дополнителни 27 проценти, односно на 650.000, бидејќи огромно богатство се стекнува во Индија, Египет, Виетнам, Кина и Индонезија.

- Advertisement -

Скоро половина од ултрабогатите се од САД, каде 240.000 луѓе се со годишна заработка поголема од 30 милиони долари, додека Азија и Африка се земји со најбрзорастечки број на ултра богати.

Минатата година се зголемил бројот на оние малку “поскромни” богаташи. Така сега има 50 милиони луѓе кои годишно заработуваат повеќе од милион долари, додека една година порано тој број изнесуваше 46,9 милиони. Тоа е нешто повеќе од популацијата на Шпанија.

Сподели!
- Advertisement -