Индија го ограничи извозот на лекови, меѓу кои и парацетамолот, поради корона вирусот

- Advertisement -

Индија, која е главниот светски снабдувач со генерички лекови, вчера го ограничи извозот на 26 фармацевтски состојки во лековите, вклучувајќи го и парацетамолот, поради пореметувањето на синџирите на набавка како резултат на корона вирусот.

Индиските производители на лекови набавуваат речиси 70% од активните фармацевтски состојки од Кина, каде што е жариштето на епидемијата, Експертите во тој сектор проценуваат дека веројатно ќе се соочат со недостиг ако продолжи епидемијата.

- Advertisement -

„Го ограничуваме извосот на одредени лекови. Одлуката стапува на сила веднаш и ќе важи неопределено време“ велат од Индија и не ги прецизираа размерите на ограничувањето. Забраната опфаќа 26 состојки во лековите, кои чинат вкупно 10% од индискиот извор на лекови и состојки.

Оттаму додаваат дека можно е во наредните неколку месеци да има недостиг на некои од наведените молекули, дури и ако не се воведе забраната. Ако корона вирусот не се стави под контрола, тие ќе бидат акутни.

- Advertisement -

Индиската влада денеска објави дека корона вирусот е утврден кај шестмина кои биле во контакт со заразен пациент во главниот град Њу Делхи. Тие се во карантин, а примероците од испитувањето се испратени до Меѓународниот институт за вирусологија за потврда.

Сподели!
- Advertisement -