Владата на Словенија ја отстрани од дневен ред Стратегијата на Регулаторната агенција за комуникациски мрежи и услуги (АКОС) за распределување на фреквентен спектар за 5G и со тоа го стопираше воведувањето на оваа технологија во земјата.
Ова беше сторено по предлог на словенечкиот министер за јавна администрација Руди Медведев, кој за словенечките медиуми рече дека прашањата за штетноста на 5G технологијата се легитимни.
Одложувањето на дебатата за одобрување на фреквенцискиот спектар за 5G, во очекување на понатамошно истражување за ефектите од оваа технологија врз луѓето и животната средина, е чекор понатаму во заштитата на здравјето и зачувувањето на природата.
Словенија не е единствената што го одложи воведувањето на 5G технологијата, откако истото го направи и Швајцарија.
Швајцарската Национална агенција за заштита на животната средина (БАФУ) испрати писмо до сите кантонски влади на крајот на јануари, во кое се наведува дека системот треба да се прилагоди така што зрачењето да остане под дозволеното ниво.