УНКТАД: Корона вирусот го намали светскиот извоз за 50 милијарда долари

- Advertisement -

Забавувањето на производството во Кина поради појава на новиот корона вирус  ја нарушува светската трговија и може да резултира со пад на извозот во износ од 50 милијарди долари, се наведува во проценките објавени од Агенцијата за трговија и економски развој на ОН (УНКТАД).

Кина е централен производствен центар на многу глобални деловни активности, па забавување на кинеското производство влијае на секоја земја во зависност од тоа колку зависат нејзините индустрии од кинеските добавувачи, наведува УНКТАД.

- Advertisement -

Според проценките на УНКТАД, најранливите сектори вклучуваат прецизни инструменти, машини, автомобилска и комуникациска опрема.

Меѓу најранливите економии, проценува УНКТАД, се Европската унија (15,6 милијарди долари), САД (5,8 милијарди долари), Јапонија (5,2 милијарди долари), Република Кореја (3,8 милијарди долари), Тајван (2,6 милијарди долари) и Виетнам (2,3 милијарди долари).

Сподели!
- Advertisement -