Многумина Американци ги напуштаат скапите градови на брегот, меѓу кои Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк, и се селат во поевтини, пишува CNBC. Во извештајот на Redfin, компанија која се занимава со недвижности, за миграциите во четвртиот квартал од 2019 година, анализирани се повеќе од милион корисници во 87 градски области ширум САД во периодот од октомври до декември минатата година.
Податоците покажуваат дека клиентите на Redfin од скапите градови како Сан Франциско и Сан Диего бараат куќи во поевтини области каде што и понатаму ќе ја имаат удобноста на голем град како што се Остин или Феникс.
Тоа не е изненадување затоа што Калифорнија е една од најскапите држави во САД, а нејзините жители секогаш одново неговуваат поради астрономскиот пораст на цените на недвижностите.
Една од локациите кои неодамна станаа популарни за преселување е Портланд во Орегон. Портланд има најдобра просечна цена на куќите меѓу градовите на западниот брег, поради што е атрактивна дестинација за луѓето кои се селат од прескапите градови. Тој град исто така нуди можности за кариера.
Способноста да се работи на далечина е огромна важност кога се размислува за преселување, особено ако е во иста временска зона, велат од Redfin.
Еве кои градови според истражувањето се најбарани за преселување: Нешвил во Тенеси, Бостон во Масачусетс, Тампа во Флорида, Портланд во Орегон, Далас и Остин во Тексас, Атланта во Џорџија, Лас Вегас во Невада, Сакраменто во Калифорнија и Феникс во Аризона.