Во оваа земја нападите на туристите речиси воопшто не се случуваат. Забележани се некои помали проблеми со законот како џепчии, меѓутоа таквите престапи се резервирани за туристичките региони. Сингапур е една од најсигурните земји во светот. Овој град-држава во Југоисточна Азија неодамна беше прогласен за наjбезбедното место во светот според извештајот Solo Travel Safety Report 2019 на Galup.
Анализирајќи ги податоците за безбедност на патот во 142 земји во светот, утврдено е дека соло патниците најдобро се чувствуваат во Сингапур. Тоа не е чудно со оглед на тоа дека е познато дека Сингапур има една од најниските стапки на криминал во светот.
Локалните жители може да го остават својот автомобил отклучен без да се грижат дека некој ќе го украде. Жените во сингапурските ресторани и барови може да ја остават својата чанта без надзор и да отидат во тоалет без страв дека некој ќе им ја украде.
Жените се чувствуваат апсолутно сигурно ако се враќаат сами дома од некое излегување навечер, а родителите не мора да стравуваат дека некој ќе им ги украде децата ако не ги следат во чекор додека се во парк.
Нападите на туристи речиси воопшто не се случуваат. Забележани се некои помали проблеми со законот како џепчии, меѓутоа таквите престапи се резервирани за аеродроми, јавниот превоз и околу популарните градски атракции.
Најголемите безбедносни проблеми во земјата ги предизвикуваат измамници кои се преправаат дека се сопственици на зграда и бараат големи износи за резервација на станови за наем. Токму затоа се препорачува да се изнајмува сместување само во регистрирани компании.
Треба да се има на им и дека Сингапур е еден од најскапите градови за живот. Килограм мелено месо во продавница е околу 500 денари, пиво од половина литар е околу 150 денари, а во кафуле е околу 600 денари, додека за месечен билет за јавен превоз ќе мора да издвоите околу 2.800 денари. Истовремено, станува збор за беспрекорно организиран град. Улиците се чисти и мирни, поради што некои мислат дема Сингапур е стерилен, па дури и предосаден.