АХВ: Кога онлајн купувате додатоци во исхрана, проверете дали се одобрени

- Advertisement -

Граѓаните да внимаваат при купување на прехранбени производи преку интернет и да вршат проверка особено на производите како додатоци во исхраната, храна за диети, чаеви и слични производи наменети за специфични категории потрошувачи, како што се малите деца и спортистите, апелираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Потрошувачите може да проверат дали одреден производ кој планираат електронски да го набават, е одобрен од АХВ, а со тоа е и безбеден за употреба на интернет страната на Агенцијата www.fva.gov.mk, во Регистарот на производи кои ги исполнуваат посебните барања за безбедност како додатоци на исхрана и Регистар на производи кои ги исполнуваат посебните барања за безбедност како храна за посебна нутритивна употреба.

- Advertisement -

Според анализите на Одделението за спречување на измами со храна при АХВ, во овој период исклучително е популарна продажба на храна за спортисти, која покрај регистрирани увозници и трговци нелегално се продава и преку социјалните мрежи.

„Ваквите производи покрај тоа што претставуваат нелојална конкуренција на легалните домашни производители, увозници и трговци, сериозно може да го загрозат здравјето на граѓаните. Апелираме до потрошувачите да се воздржат од набавка на овој тип храна преку социјалните мрежи, каде таа најчесто нелегално се нуди и продава“, се вели во соопштението од АХВ.

- Advertisement -

Од АХВ апелираат граѓаните да ја пријават секоја нелегална продажба на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

Сподели!
- Advertisement -