Објавени новите цени на горивата

- Advertisement -

Од вечерва на полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за два денари за литар, додека ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намалат за 1,50 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Литар бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 62 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 на бензинските станици ќе може да се купи по цена од 64 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) ќе изнесува 54,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе може да се набави по цена од 43,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,495 ден/кг и ќе изнесува 28,895 ден/кг.

- Advertisement -

Со најновата одлука на Регулаторната комисија, малопродажните цени на нафтените деривати опаднаа за 3,42 отсто во однос на актуелните цени формирани со одлуката од 2 март.

Сподели!
- Advertisement -