Кинеска компанија разви нов систем кој препознава лица и преку медицински маски

- Advertisement -

Кина користи еден од најсофистицираните надзорни системи во светот, вклучувајќи го и тој за препознавање лица. Но, епидемијата со корона вирусот, која изби минатата година во кинеската провинција Хубеи и оттаму се прошири во целиот свет, резултираше со тоа речиси секој жител на Кина денес да носи медицинска маска кога излегува надвор. Тоа е голем проблем за софицистицираниот систем за надзор, а тој стана уште пософистициран.

Кинеската компанија Hanwang Technology Ltd, која уште го користи и името Hanvon а наглиското говорно подрачје, тврди дека развила технологија која успешно препознава човечко лице дури и кога носи медицинска маска.

- Advertisement -

Ако системот се поврзе на сензор за температура, може да ја мери телесната температура додека го иднетификува името на личноста и потоа ги обраборува резултатите ако открие телесна температура повисока од 38 степени, објаснуваат од компанијата.

Тим од 20 луѓе во компанијата ја искористи основната технологија за препознавање лице која е развиена во последните 10 години, како значително помала база на податоци за лица прекриени со маски за да го унапредат системот. Им бил потребен еден месец за да ја развијат технологијата и да ја пуштат на пазарот.

- Advertisement -

Во продажба се два системи за препознавање на маскирани лица: едноканален, кој се користи на влезови во објекти и повеќеканален, кој користи повеќе надзорни камери. Може да препознаат кој било во група до 30 лица во период од една секунда, велат од Hanvon.

Кога некој носи маска, препознавањето може да достигне 95% прецизност, што значи позитивно идентификување на повеќе луѓе. Нивниот најголем клиент досега е кинеското Министерство за јавна безбедност, под кое спаѓа и кинеската полиција.

- Advertisement -

Од Hanvon велат дека нивната технологија ја користат околу 200 клиенти во Пекинг, вклучувајќи ја и полицијата и се очекува инсталација на тој систем во уште 20 кинески провинции. Реакциите на кинеската јавност на оваа технологија засега се непознати.

Сподели!
- Advertisement -